И во услови на пандемија, децата од основните и средните училишта од Општина Куманово земаа учество на ликовен конкурс насловен како“ Воведување на безбедноста и здравјето при работа во образованието”.

До канцеларијата на МЗЗПР пристигнаа 42 ликовни творби. Пофалници, вредносни ваучери и за учениците, училиштата и менторите добија науспешните наградени во три категории.
Оваа активност е дел од оперативната програма финансирана од Европската Унија каде еден од приротетите е токму ставен на подигнување на свеста и превенција на БЗР во образовниот процес.
Сметавме дека треба да започнеме од едукација на децата за значењето на безбедноста и здравјето при работа, вели Весна Ристовска проект менаџер во МЗЗПР. Целата идеа на ликовните творби е да увидиме како учениците на детски начин го разбираат значењето на безбедноста и здравјето при работа во текот на работниот процес. Да разбереме како детскиот свет го перцепира трудот, да видиме какви пораки ќе испратат до работниците, бидејќи безбедноста и здравјето при работа е важно за сите.
Треба да работиме на важноста на преземањето двонасочен пристап кон безбедноста на младите работници – преку училницата и на работното место. Акцијата за формално вклучување на безбедноста и здравјето при работа и едукација за ризици во наставната програма во основно и средно образование е предизвикувачка задача на заедницата за БЗР и на земјите од Западен Балкан.
Секоја година околу 430 работници во Европа под 25-годишна возраст имаат несреќа со смртни последици на работното место секоја година.
Секоја година, европските работници на возраст од 18–24 години страдаат од околу 714 000 несреќи при работа што се доволно сериозни за да отсуствуваат од работното место и да изгубат три работни дена или повеќе.
Од здружението сметаат дека пред-работното образование и едукација е дел од процесот на подготовката на младите за работа, и дел од агендата за доживотно учење. Младите работници во Европа страдаат со повисока од просечната стапка на несреќи на работа.
Македонско здружение за заштита при работа
Линк до објавата