Промовирана Национална студија за безбедност и здравје при работа

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) на 14.03.2019 година, ја промовираше Националната студија за безбедност и здравје при работа. Актуелната состојба во оваа сфера, бројот и видот на повреди и несреќи на работните места во Македонија, конкретни препораки за подобрување на состојбите, како и примена на законодавството и праксата на Европската Унија во оваа област беа само дел од излагањата и дебатата за време на настанот.

Автор на студијата е м-р Трајче Велковски од Машинскиот факултет при УКИМ, а ко-автори се Проф. д-р Јасмина Чалоска – професорка на Машинскиот факултет при УКИМ, м-р Милан Петковски – претседател на МЗЗПР, како и Славица Јанкова – проектен службеник во МЗЗПР. Студијата за Македонија е изработена во рамките на регионалниот проект за унапредување на безбедноста и здравјето при работа преку јакнење на професионалните граѓански организации – „BALcanOSH.net“, а проектот е поддржан од страна на Европската Унија.

Целосното соопштение во прилог:

Промовирана Национална студија за безбедност и здравје при работа

Posted in NEWS, МЗЗПР.