ИНФО ГРАНТ СЕСИЈА 06 ДЕКЕМВРИ 2017 – СКОПЈЕ

Следбено на предвидените активности на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државните институции“, имплементиран во рамки на Европскиот инструмент EuropeAid/150147/DH/ACT/PRAREG, поддржан од страна на Европската комисија, Македонското здружение за заштира при работа, на 06 декември одржа информативна сесија.

Специфичните акциони грантови се наменети за поддршка на граѓанските/ медиумските организации во креирање на истражувачки стории за безбедност и здравје при работа во ИПА регионот. Да се подобри квалитетoт на истражувачките стории во развојот на безбедноста и здравјето при работа, да се влијае во општетството, да се понудат иновативни пристапи како да соработува граѓанскиот сектор преку медиумите со државните институции, да се имплемтираат Европските стандардите, да се подигне јавната свест,  да потикне приближување на интеграција на Европската агенција, на ИПА земјите кон Европа.

Програма на информативнита сесија: – Цели и приоритети на повикот – Процедурални и договорни аспекти на повикот – Прашања и одговори

Koлку истражувачки стории треба да се направат, дали една организација со една апликација, кои организации се подобни, кој тип на медиуми како партнери, во која фаза да се вклучи партнерската организација беа дел од прашањата.

Posted in МЗЗПР.