Извештај за одржан тренинг-12-14 септември 2017
Македонското здружение за заштита при работа, во рамки на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државните институтиции” од 12-14 септември, во Охрид, одржа тренинг за основи за безбедност и здравје при работа, услови за работа, застапување и лобирачи вештини на претставниците на граѓанските и медиумските организации”.
Присутни на настанот беа претставници на граѓански организации кои делуваат и надвор од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и медиумски организации.
Проектниот менаџер, Милан Петковски, најпрво, во своето излагање ја претстави визијата на проектот, како и активностите кои се остваруваат за нејзино остварување.
Како вовед на тренингот на присутните им беше поставено прашањето- Дали се запознаени со значењето на безбедноста и здравјето при работа. Најголем дел од нив потврдно одговорија на ова прашање, што беше одличен почеток. Следно прашање се однесуваше на тоа дали познаваат некој во своето опкружување на кого му се случила несреќа. За жал секој од нив имаше да сподели несреќа предизвикана на работното место или пак професионално заболување.
Дискусијата веднаш се разви на ова прашање:
• Колку губи работодавачот со секоја повреда и колку се грижи за безбедноста и здравјето при работа на своите работници
• Медиумите недоволни ги пласираат информациите. Повеќе се акцентира на несреќата на работното место, отколку на превентива.
• Казните на работодавачите не им делуваат многу за зголемување на безбедноста и здравјето кај работниците.
• Општетството потфрла. Не ги заштитува оние кои даваат дополнителна вредност.
• Потребно е да се надмине јазот меѓу сите чинители во оваа област. Мора да направиме одредени работи кои нема да бидат само проформа. Цели индустрии не се опфаќаат со законот за безбедност и здравје при работа ( транспорт, земјоделство , полиција)- беа дел од размислувањата на присутните
Eксперти и теми:
- Kaроли Ѓорѓи говореше за улогата и функцијата на Европскиот социјален дијалог во насока на подобрување на условите за работа, креирање на мрежа на граѓански организации и нивно подобрување. Исто така, споделуваше искуства од ЕУ во оваа насока.
- Даниела Индова- домашен експерт, говореше за основи за безбедност и здрвје при работа, несреќи при работа, надзор и комуникација. На оваа тема, присутните имаа практична вежба за препознавање на опасностите и штетностите на работното место.
Проблем кој во овој дел го истакнаа учесниците, е во однос на пријава на повреда. Неретко работниците се принудени да не ја пријават повредата како повреда на работното место, туку во домашни услови. Работадавачите да превземаат поголема одговорност во поглед на овие случувања. - Maрио Вељковиќ, регионален експерт ги запозна учесниците на тренингот со: стратешкото планирање како дел од стратегискиот менаџмент, начин на лобирање и застапување.
Постојат отворени прашања, потребно е поголемо учество на граѓаните кои го чувствуваат проблемот поврзан со безбедноста и здравјето при работа. Институционалните мерки не се доволни. Секогаш кога можете да споделите одговорност, но и ресурси, постојат капацитети на интелектуално, но и на физичко ниво тоа треба да се направи. Соработката помеѓу граѓанските и медиумските организации може да донесе забрзано ширење на идејата од потребата за безбедноста и здравјето при работа. Најчесто концентрацијата е во поголемите градови. Луѓето со своето делување предизвикуваат промени. Би сакал и преку вашето учество да случи тоа. – истакна Вељковиќ. - Бојан Кордалов- ЕУ експерт за медиа, презентираше за: клучни принципи за ПР комуникација, соработка и партнерство помеѓу граѓанските организации.
„Ако имате совршено сработени кампањи, ако целната група нема каде да ги види, каде да дознае повеќе, тогаш беспотребно сте се вложиле во изработка. Ако сакате да ја испратите пораката, мора да градите односи“. - Цветомир Цанев, претставник на Eвропската агенција за безбедност и здравје при работа, ја презентираше кампањата- Здрави работни места за сите возрасти.
„Здравјето во подоцнежните периоди во животот е под влијание на работните услови во почетните периоди од животот. Во текот на работниот век потребна е превенција од несреќи поврзани со работата, здравствени проблеми и заболувања како последица од работата“. - Пол Ајри, претставник на Институтот за безбедност и здравје при работа, ја презентираше кампањата – Нема време за губење. Тој истакна дека секоја година се регистрираат над 14.000 нови случаи на рак предизвикани од работа, околу 8.000 смртни случаи годишно се предизвикани од рак на работното место. Целта на кампањата е да се промовира политики за подигнување на свеста и да се потикне намалување на изложеноста на канцерогени материи на работното место, поканувајќи ги организациите да се посветат на воведување политики и практики за управување со ризиците поврзани со канцерогените материи на работното место.
Во текот на тридневниот тренинг меѓу учесниците се разви дискусија и интерактивност. Се разви појдовна основа за соработка помеѓу самите граѓански организации, како и помеѓу граѓанските и медиумските организации.