КРОС СЕКТОРСКИ СОСТАНОЦИ

Во рамки на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државните институции” во  просториите на Стопанска Комора на Македонија, во месец декември,  беа организирани три крос секторски состаноци.

Првиот крос секторски  состанок беше организиран на 12.12.2016 год. На состанокот присутни беа претставници на синдикални организации, граѓански и медиумски организации. Се дискутираше за проблемите од областа на БЗР,  како и можните пристапи за решавање на истите, во насока на подигнување на свеста кај вработените и работодавачите, како и кон поголема вклученост на синдикалните организации и медумите. Беше истакнато дека вработените недоволно ја познаваат законската регулатива, односно не ги познаваат во доволна мера своите права и обврски. Многу од нив, сеуште не знаат дека постои закон за БЗР. Наведено беше дека е потребно поголемо вклучување на претставниците на вработените и синдикалните организации во проценката на ризик и изјавата за безбедност. Проблем кој се однесува на национално ниво и регионално ниво е немањето на државен регистар на несреќи на работното место, како и на професионални заболувања. Заклучокот од оваа средба ќе ги идентификува потребите, недостатоците и проблемите кои се јавуват на терен кај претставниците на организациите кои се таргет група на состанокот, воедно ќе бидат и ставени во рамка одредени решенија кои се понудени за остварување на комуникација со медиумските организации и јавноста.

Вториот крос секторски состанок се одржа на 13.12.2016 год. Присутни беа претставници на правни субјекти кои добиле овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, стручни лица за безбедност при работа кои делуваат самостојно и во компаниите и медиумите.

Потребна е континуирана надоградба на стручните лица, како и учество во обуки, каде што покрај стручно усовршување ќе се стекнат и со комукациски вештини. Во номенклатура на професии не постои -стручно лице по БР, а станува збор за професија која бара особено внимание. Исто така, во законот за БР потребно е работодавецот да се дефинира како физичко лице. Како друг проблем кој беше наведен на состанокот е тоа што набавката на ЛЗО се врши преку јавна набавка, и наместо квалитетна опрема, работниците добиваат поефтина.

Третиот крос секторски состанок се одржа на 19.12.2016 год. Присутни беа претставници од Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство, Државен инспекторат за труд, институт по јавно здравје, Факултети, како и медиуми и медумски организации.

Секој од нив зборуваше за проблемите и предизвиците од областа на БЗР во нивниот домен.

Генерален заклучок кој произлезе од одржаните средби е дека постои потреба законот за бзр да биде наведен во генерална рамка, но со детални насоки за секое работно место, покривајќи ги специфичните области.  Потребно е во здравството да се воведе евиденција на повреди и професионални заболувања. Капацитетот на ДИТ е ограничен и треба да се гради и прошири нивниот капацитет.

Заклучоците од трите средби ќе бидат споделени меѓу сите присутни и ќе можат да дадат свои предлози и корекции, во корист на изготвување стратегија која што ќе произлезе од овој проект.

Овие настани беа проследени и подржани од голем број медиуми:

http://sitel.com.mk/milan-petkovski-zashtitata-pri-rabota-e-na-nisko-nivo

http://alfa.mk/News.aspx?id=116286#.WFo8VFMrLDc

http://24vesti.com.mk/zashtita-pri-rabota

http://play.mrt.com.mk/play/4364

http://www.telma.com.mk/

http://alsat.mk/News/301359/vo-makedonija-godishno-na-rabota-ginat-nad-40-rabotnici

http://vecer.mk/ekonomija/zemjodelstvoto-minsko-pole-za-makedonskiot-rabotnik

http://vest.mk/default-mk.asp?ItemID=2C75674A37949E40AADB4332AADD2189

http://www.mia.mk/mk/Home/Index

Posted in МЗЗПР.