Гостување ТВ Стар- РЦЗ Делчево

Привршуваат активностите на  Регионалниот центар за застапување од Делчево поврзани со проектот „Промовирање на стандарди за безбедност и здравје при работа и следење на спроведувањето на БЗР во источниот регион на Република Македонија“.  Токму по тој повод тројца претставници на РЦЗ и истражувачот кој беше дел од овој проект,  гостуваа во регионалната телевизија Стар во Штип и на 60 минутна емисија ги презентираа постигнатите резултати од проектот и што понатаму ќе се работи за промоција на оваа област.

Проектот кој траеше шест месеци се реализираше преку повеќе активности во општините Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Виница со цел да се обрне повеќе внимание на оваа област преку утврдување на моменталната состојба во примената на законите и преку давање насоки за поголемо спроведување на веќе поставените стандарди. Овој проект РЦЗ го реализира во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, а е финансиран од Европската Унија.

Гостувањето на ТВ Стар кое се реализираше минатата недела. може да го погледнете на следниот линк :

Posted in GRANT, MEDIA LIBRARY, NEWS.