Студијата за безбедноста и здравјето при работ

Во прилог ја имате Студијата за безбедноста и здравјето при работа за Република Македонија. Со исклучително задоволство и гордост можам уште еднаш да ја потенцирам пионерската работа на Македонското здружение за заштита при работа во соработка со своите партнери континуирано да работи на унапредување на безбедноста и здравје при работа со цел заштита на здравјето, психо-физичкиот интегритет како на поединецот, така и на секој од директните и индиректните учесници во процесот на работа. Оваа Студија, како дело е високо квалитетно четиво кое е наменето за поширока целна група; почнувајќи од инженери за заштита при работа, стручни лица за безбедност при работа, лекари по медицина на труд, но секако и за менаџери по компаниите (како домашни, така и странски) и за самите вработени кои на едно место ќе можат да бидат информирани за една проблематика која директно, лично ги засега.

STUDIJA MAKEDONIJA WEB

Posted in PUBLICATIONS.